Thursday , June 17 2021
Home / Latest Articles / BMW Alpina B4 S би-турбо, елегантна алтернатива за M4

BMW Alpina B4 S би-турбо, елегантна алтернатива за M4

Ова BMW Alpina B4 S би-турбо навистина може да се дефинира како елегантна замена за BMW M4.

Многумина од постарата генерација, а верувам дека добар дел и од помладата, го имаат слушнато македонскиот евергрин од Лева Патика – Неправда. Првите стихови од оваа песна одеа овака: “Сакам БМВ Алпина, но немам ни за Дрина…” Е, сега кога ќе го видите ова BMW Alpina B4 S би-турбо навистина ќе разберете за што пеел типот од Лева Патика.

Доколку мислите дека со BMW M4 нема доволно да се издвојувате од останатите, тогаш ова BMW Alpina B4 S би-турбо е вистинското решение за вас. Особено поради фактот што нема да има никаква потреба да жртвувате од перформансите на М4-ката.

Ова BMW Alpina B4 S со двоен турбо полнач има 9КС и 56Њм поголема моќност од стандардниот М4, за целосни 434КС и 660Њм.

Покрај целосниот Alpina боди-кит, ова BMW исто така е опремено и со адаптивна Alpina спортска суспензија и 8-степен автоматски менивач доработен со Alpina Switch-Tronic технологија.

Check Also

TCR Europe: Високо квалитетен викенд за ПСС Рејсинг на Пол Рикар

Највисок пласман за Давидовски до сега во неговата кариера во TCR Europe Македонскиот ПСС Рејсинг …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *