Home / Latest Articles / BMW Motorsport ќе се спои со BMW M

BMW Motorsport ќе се спои со BMW M

Овој потег ќе биде направен на 1 април…

Чудни се овие времиња за BMW Motorsport. Многу почудни после најавата дека се повлекуваат од Германскиот туринг шампионат DTM оваа година.

DTM беше стабилна подлога за BMW, а токму од таму доаѓа огромната репутација на серијата 3. Исто така, Баварскиот производител се повлече и од Formula E, додека оваа година M8 GTE автомобилите ќе земат учество само во IMSA трките во САД.

Но според Моторспорт Магазин, BMW Motorsport се подготвува да се спои со BMW M GmbH точно на 1 април оваа година. Тешко е да се каже дали ова е чекор назад, или од BMW ги спојуваат способностите и искуството за да направат нешто големо како Ле Ман хипер автомобил, тешко е да се предвиди.

Оваа година фокусот продолжува во насока на развивање на тркачкиот автомобил BMW M4 GT3, кој ќе го замени BMW M6 GT3. M4 GT3 ќе биде хомологиран, а потоа тркан надвор од DTM шампионатот подоцна оваа година, кој исто така ќе им се приклучи на BMW M2 CS и M4 GT4 како понуда за приватни тимови.

Идејата за натпреварување во LMDh (Le Mans Daytona hybrid) категоријата, мора да е примамливо за BMW M. BMW веќе поседува експертиза за хибридната технологија како и за целосно електрични автомобили, а интересно е тоа што Audi и Porsche се веќе подготвени да се натпреваруваат во шампионатот.

Во чест на старо ривалство, сигурно огромна би била желбата на BMW повторно да му се спротивстави на стариот ривал Ferrari, рамо до рамо во моторспортот.

About vladimir

Check Also

WRC: Утре започнува Рели Хрватска

После одобрувањето за Хрватска рунда во Светскиот рели шампионат минатата година, WRC караванот се враќа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *