Британскиот туринг шампионат влегува во хибридната ера со проширен грид од 32 автомобили во 2022 година.
Технологијата оди напред, а со технологијата и правилата на имплементирање на истата во различни моторспорт шампионати. Како и во Светскиот рели шампионат, така и во Британскиот туринг шампионат ќе гледаме еволуција на погонските агрегати со хибридна технологија.
И покрај тоа што како вистински љубители на автомобилизмот би ја поддржале старата ера, мораме да се потсетиме на времето на атмосферските агрегати и влегувањето во турбо ерата. Иако некои од вас тешко го прифатија тоа, сепак се навикнаа.
Исто како тогаш и сега ќе се навикнеме на новата хибридната ера, бидејќи носи нови предизвици и доста поразличен начин на возење за кој ќе бидеме сведоци оваа година.
Тимовите ќе ги откријат нивните возачи во следните месеци, додека целосната листа ќе биде објавена во март 2022 година.