Home / Latest Articles / BTCC: Со една рунда до крајот, Ешли Сатон на чекор од втора титула по ред во Британскиот туринг шампионат

BTCC: Со една рунда до крајот, Ешли Сатон на чекор од втора титула по ред во Британскиот туринг шампионат

Британскиот шампионат на туристички автомобили е пример за било која форма на тркање на планетава. Дефинитивно.

Тоа го покажува секоја одржана трка, секоја борба за позиција и секоја борба за титула. Минатата сезона Ешли Сатон позади волан на Infiniti Q50 беше победник на една неверојатна борба за титулата во текот на целата сезона, на секоја трка, која ја водеше со Колин Туркингтон позади волан на BMW 330i.

Да резимираме. Сатон ја започна серијата на победи на третата трка од првата рунда на Тракстон, после што продолжи на втората трка од втората рунда на Снетертон. Потоа следеше победа на втората трка на Нoкхил, како и на втората трка на Тракстон 2.

Но неговото константно освојување на високи позиции и поени, не само победи, го позиционираше на првото место во генерален пласман со 285 освоени поени, додека зад него се Том Инграм со 249, Џејк Хил со 247 и Колин Туркингтон со 245 поени. Ако ја освои титулата оваа година, тоа ќе му биде трета после освоените туитули во 2017 и 2020 година и да, тој има само 27 години…

Сепак на последната рунда и трите трки се е возможно, затоа, проследете ја последната рунда од овој шампионат и запамтете, ако сакате да гледате квалитетни трки, Британскиот туринг шампионат е вистинскиот за вас.

About vladimir

Check Also

Забрзувањето на Ferrari 812 Competizione; V12 агрегат на 9.000 вртежи во минута (ВИДЕО)

Звукот на автомобилите зависи од локацијата. V8 звукот е дефиниција за уживање во Америка и …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *