Saturday , June 19 2021
Home / Latest Articles / Dacia Duster со 850КС како Пајкс Пик ѕвер! (ВИДЕО)

Dacia Duster со 850КС како Пајкс Пик ѕвер! (ВИДЕО)

Жан-Филип Дејро се натпреваруваше на Интернационалната ридска патека Пајкс Пик во САД помеѓу 2011 и 2013 година специјално изработени болиди. Во првите две години користеше многу несекојдневна каросерија на специјално прозведениот рам.

Да, замаислете, тоа беше романскиот Dacia Duster, автомобил кој не котира баш високо кај автомобилските заљубеници. Но на тоа ако додадеме мотор од Nissan GT-R со 3.8L V6 агрегат со 850КС поставен на средина, излегува опасен ѕвер на тркала, со кој Дејро се качи на Пајкс Пик за 10.17 минути.

Тоа го стори во 2011 година, додека во 2012 година на првиот пат кога Пајкс Пик во целост беше асфалтна подлога, тој беше на пат кон победа во генерален пласман, но проблемите со сопирачките го спречија да ја заврши трката излетувајќи во последната третина од патеката.

После тој удар на автомобилот беше ставена нова каросерија, овој пат од Mini, со уште поголема сила на моторот (925КС).

Вака изгледаа неговите две креации:

Check Also

TCR Europe: Високо квалитетен викенд за ПСС Рејсинг на Пол Рикар

Највисок пласман за Давидовски до сега во неговата кариера во TCR Europe Македонскиот ПСС Рејсинг …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *