Home / Latest Articles / EHCC: Фаџиоли најбрз од формулите, Шагерл најбрз од автомобилите на Илирска Бистрица!

EHCC: Фаџиоли најбрз од формулите, Шагерл најбрз од автомобилите на Илирска Бистрица!

Како што најавивме, денес започна претпоследната трка од Европскиот шампионат на познатата патека Илирска Бистрица во Словенија.

Tоа што кремот на Европа е повторно на едно место, можеше да се види од најжестоката борба за генералниот пласман помеѓу Симоне Фаџиоли и Кристијан Мерли. Фаџиоли (Norma) денес извози најбрзо време на 5001 метарската патека со време од 2:09.374, додека Мерли (Osella) задоцни за 0.854 секунди, иако имаше побрзо време во првиот тренинг.

Најбрз кај авотмобилите беше познатиот Австриец Карл Шагерл во автомобил VW Golf MK2 Rallyе кој се качи на целта за 2:20.217 кој беше побрз од повеќе формули. Неговиот најблизок конкурент беше Швајцарецот Рони Брачи (Mitsubishi Lancer) кој заостана за нешто повеќе од 7 секунди.

Целосните резултати погледнете ги на овој линк:

https://results.omikronplus.si/live/ilirska2021/live.html

About vladimir

Check Also

TCR Europe Монца: Хомола и Аскона најбрзи на слободните тренинзи, ПСС Рејсинг високо позиционирани

28-те возачи кои настапија на слободните тренинзи денес на Монца, најавија доста интересен викенд. Во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *