Home / Latest Articles / F1: Ботас доби казна од 5 места наназад на стартот од утрешната трка

F1: Ботас доби казна од 5 места наназад на стартот од утрешната трка

Возачот на Mercedes AMG F1, Валтери Ботас, утрешната трка ќе ја започне од 15-тата позиција поради промената на менувачот во неговиот болид.

Ботас беше причината за истакнувањето на црвените знамиња и прекинувањето на третиот дел од квалификациите поради неговото излетување и удирање во ѕидот. По овој многу силен судир, болдиот на Ботас беше многу оштетен, посебно во задниот дел. Тимскиот шеф на Mercedes, Тото Волф, потврди дека механичарите ќе бидат принудени да го променат менувачот, поради што Ботас ќе добие казна од 5 места наназад на стартот до утрешната трка.

“Имавме среќа бидејќи беше навистина силен удар. Шасијата е во ред, но не и менувачот. Неизбежна е казната од 5 места наназад на стартот од утрешната трка.” – изјави Волф.

Ботас призна дека излетувањето се случило по негова грешка:

“Влегов многу брзо и пошироко од вообичаено и патеката дефинитивно беше влажна таму каде што поминав. Наеднаш ја загубив контролата и завршив во ѕидот. Дефинитивно беше моја грешка. Притискав премногу за да добијам повеќе време.”

About vladimir

Check Also

Забрзувањето на Ferrari 812 Competizione; V12 агрегат на 9.000 вртежи во минута (ВИДЕО)

Звукот на автомобилите зависи од локацијата. V8 звукот е дефиниција за уживање во Америка и …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *