Home / Latest Articles / F1: Неверојатното претекнување на Хамилтон – 3 муви со еден удар! (ВИДЕО)

F1: Неверојатното претекнување на Хамилтон – 3 муви со еден удар! (ВИДЕО)

Во видеото подолку ќе го видите најдоброто претекнување на денешната трка во Бахреин.

И покрај тоа што не сум фан на Хамилтон, морам да признаам дека ова е едно од најдобрите претекнувања што сум го видел во Формула 1. Секако после она на Хакинен врз Шумахер на легендарната Спа Франкошамп во 2000-тата.  Треба да се има во предвид и фактот дека станува збор за послаби тимови, но да претекнете 3 болиди во еден обид на старно-целната рамнина е навистина голема работа.

Откако старуваше од 9-тата позиција, до крајот на трката Хамилтон успеа да се побие до 3-тата. На неговиот пат до подиумот, возачот на Mercedes успеа наеднаш да ги претекне Фернандо Алонсо од McLaren, Естебан Окон од Force India и Нико Хулкенберг од Renault.

Па, ајде да го погледнеме ова неверојатно претекнување на Хамилтон, три муви со еден удар:

About vladimir

Check Also

10 брзи прашања за Ана-Марија Таневска, првата Македонска претставничка во брзински мотоциклизам

Разговаравме со 23-годишната Ана-Марија Таневска, млада и перспективна девојка која има огромна љубов кон мотоциклите. …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *