Home / Latest Articles / F1: Ова е новиот болид на Mercedes AMG F1 (ВИДЕО)

F1: Ова е новиот болид на Mercedes AMG F1 (ВИДЕО)

Mercedes AMG F1 тимот го откри својот нов болид W09 денес на патеката Силверстоун во Англија.

Со овој болид, Mercedes ќе се обиде да освои 5 последователни шампионски титули и да го повтори успехот на Ferrari помеѓу 2000-тата и 2004-тата. Германскиот производител доминира во Формула 1 од почетокот на новата V6 турбо-хибридна ера, што го прави главен фаворит и за освојувањето на овогодинешната титула.

Како што веќе ве информиравме, Mercedes го претставија својот болид во живо он-лајн, на која што промоција беа присутни тимскиот шеф Тото Волф и двајцата возачи, Луис Хамилтон и Валтери Ботас. Предходно, тие изведоа краток тест на патеката Силверстоун, со цел да ги проверат сите системи на болидот и да снимат промотивен материјал.

Без сомнение, ова е најубавиот болид што го видовме од оние што беа откриени досега, фановите низ целиот свет се задоволни од неговиот изглед.

About vladimir

Check Also

TCR Europe Монца: Хомола и Аскона најбрзи на слободните тренинзи, ПСС Рејсинг високо позиционирани

28-те возачи кои настапија на слободните тренинзи денес на Монца, најавија доста интересен викенд. Во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *