Home / Latest Articles / F1: Рикардо: Ќе дадев се од себе за да го претекнам Фетел
Ferrari driver Sebastian Vettel of Germany crosses the finish line to win the Bahrain Formula One Grand Prix, followed by second place Mercedes driver Valtteri Bottas of Finland, at the Formula One Bahrain International Circuit in Sakhir, Bahrain, Sunday, April 8, 2018. (Pool/Giuseppe Cacace Via AP)

F1: Рикардо: Ќе дадев се од себе за да го претекнам Фетел

Даниел Рикардо упати критики кон Валтери Ботас за неговото возење на последната трка во Бахреин.

Возачот на Red Bull вели дека доколку бил на местото на возачот на Mercedes, со 100% сигурност ќе го нападнел Фетел за време на последниот круг од трката во Бахреин.

Ботас успеа да го стигне Фетел на два круга пред крајот на трката, но и покрај поновите гуми, возачот на Mercedes не успеа да изведе вистински напад врз возачот на Ferrari.

“Сигурен сум дека ќе го нападнев Фетел. Ботас имаше голема разлика со Хамилтон и имаше простор за напад. И да не успееше, секако ќе завршеше на 2-та позиција. Во последниот круг од трката морате да се обидете да победите.” – изјави Рикардо.

“Како ќе завршеше трката? Незнам, не сакам да кажам дека ќе победев, но доколку бев на негово место, можете да бидете сигурни дека ќе дадев се од себе.” – додаде тој.

About vladimir

Check Also

Забрзувањето на Ferrari 812 Competizione; V12 агрегат на 9.000 вртежи во минута (ВИДЕО)

Звукот на автомобилите зависи од локацијата. V8 звукот е дефиниција за уживање во Америка и …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *