Home / Latest Articles / F1: Рубенс Баричело имал операција за отстранување на тумор

F1: Рубенс Баричело имал операција за отстранување на тумор

Рубенс Баричело, пранешниот Ф1 возач на Ferrari, Honda и Brown GP, вели дека има среќа што сеуште е жив бидејќи му бил откриен тумор на вратот.

Пред два месеци, Баричело беше пренесен во болница поради страшни главоболки. По деталните прегледи, Бразилецот бил отпуштен од болница, но потоа морал да биде подложен на операција за отстранување на бениген тумор на вратот.

Во своето интервју на бразилската телевизија, Баричело покажа голема лузна на левата страна на вратот, од каде што му бил отстранет туморот.

“По се што се случи, бев подолжен на голем број проверки и ми беше откриен мал тимор на вратот, кој што ми беше отсранет по трката на Интерлагос. Морав да го отстранам. Иако беше бениген тумор, постоеше можност да порасне голем и да ми смета при движењето на вратот. Докторите ми рекоа дека сум имал голема среќа бидејќи бил многу близу до главната вена.” – изјави Баричело.

About vladimir

Check Also

Забрзувањето на Ferrari 812 Competizione; V12 агрегат на 9.000 вртежи во минута (ВИДЕО)

Звукот на автомобилите зависи од локацијата. V8 звукот е дефиниција за уживање во Америка и …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *