Следново видео е компилација од сите несреќи и грешки во Формула 1 шампионатот што се случија во текот на минатата сезона.
Само уште 35 дена до почетокот на новата сезона во Формула 1. Некои од тимовите веќе ги претставија своите нови болиди, а останатите ќе го направат тоа во текот на следната недела, пред почетокот на предсезонските тестирања. Сите со нетрпение го очекуваме гасењето на црвеното светло во Австралија…
Несреќите, грешките и излетувањата се составен дел од Формула 1, кои што за жал понекогаш завршуваат трагично. Фала му на Бога, минатата сезона немавме такви несреќи, но имаше доста излетувања бидејќи новите болиди имаат многу поголема потисна сила, што им овозможува на возачите многу побрз влез во свиоците.
Да ја погледнеме следнава компилација од сите излетувања и грешки во сезоната 2017-та: