Home / Latest Articles / F1: Тимскиот шеф на Mercedes го издаде Хамилтон!

F1: Тимскиот шеф на Mercedes го издаде Хамилтон!

Тимскиот шеф на Mercedes AMG F1, Тото Волф, го издаде својот возач Хамилтон и го призна постоењето на “парти модот” на нивниот мотор.

По освојувањето на пол-позицијата со неверојатна предност од скоро 7 десетинки, Хамилтон го негираше постоењето на специјалниот мод на неговиот мотор кој што му овозможува дополнителна сила во еден БРЗ КРУГ. Сепак, неговиот шеф Тото Волф го издаде и го призна постоењето на ова посебно мапирање на нивниот мотор.

“Да, имаме “парти мод” во нашиот болид и го уклучивме во третиот дел од квалификациите. Немаше никаква разлика во мапирањето на моторот во првиот и вториот обид на Луис во третиот дел од квалификациите. Тој само сакаше да каже дека успеал да комплетира добар БРЗ КРУГ при неговиот прв обид во третиот дел.” – изјави Волф.

“Тој успеа да направи толку голема разлика во вториот обид поради подобриот контакт на гумите со патеката, бидејќи во првиот обид возеше со користени гуми.” – додаде тој.

About vladimir

Check Also

Забрзувањето на Ferrari 812 Competizione; V12 агрегат на 9.000 вртежи во минута (ВИДЕО)

Звукот на автомобилите зависи од локацијата. V8 звукот е дефиниција за уживање во Америка и …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *