Home / Latest Articles / F1: ФИА додаде трета DRS зона во Австралија за повеќе претекнувања

F1: ФИА додаде трета DRS зона во Австралија за повеќе претекнувања

Управното тело на Формула 1 реши да додаде уште една DRS зона на патеката Алберт Парк во Австралија, со цел да се зголемат можностите за претекнување.

DRS системот се користи во Формула 1 од сезоната 2011-та и повеќето патеки од Ф1 календарот имаа по две зони каде што е дозволена употребата на овој систем. Овој ситем, кој што го намалува отпорот на воздухот и овозможува развивање на поголеми максимални брзини, во кавалификациите може да се користи на секој дел од патеката. За време на трката, DRS системот може да се користи само во одредените зони и доколку противникот што сакате да го претекнете има предност помала од 1 секунда.

Претходно, на патеката Алберт Парк имаше само една точка на детекција (каде што се мери временската разлика и доколку таа е помала од 1 секунда, тогаш е дозволено користењето на DRS системот) која што се наоѓаше на влезот од свиокот број 14, а потоа следеа двете DRS зони. Првата беше на стартно-целната рамнина, а втората помеѓу свиокот број 2 и свиокот број 3.

Новата точка на детекција, пред 3-тата DRS зона, ќе се наоѓа на 170 метри пред шиканата број 11, додека точката на активација ќе се наоѓа на 104 метри по свиокот 12. Ова е прв случај на три DRS зони на една патека.

About vladimir

Check Also

Забрзувањето на Ferrari 812 Competizione; V12 агрегат на 9.000 вртежи во минута (ВИДЕО)

Звукот на автомобилите зависи од локацијата. V8 звукот е дефиниција за уживање во Америка и …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *