Home / Latest Articles / F1: 25 години од највеличенствената победа на Аиртон Сена (ВИДЕО)

F1: 25 години од највеличенствената победа на Аиртон Сена (ВИДЕО)

На денешен ден во далечната 1993 година, Аиртон Сена успеа буквално да ги уништи сите свои конкуренти и да стигне до победата на Европското Гранд При на патеката Донингтон.

Оваа легендарна победа на Донигтон Парк многумина од добро упатените во овој спорт ја оценуваат како највеличенствената победа на Аиртон Сена во Формула 1. Стартувајќи од 4-тата позиција, Сена успеа да се пробие до врвот на поредокот уште во првиот круг од трката, додека на патеката имаше врнежи од дожд.

Оваа трка беше збогатена со многу посети на боксот и промени на гумите поради променливите услови на патеката. Возачот на McLaren имаше пет посети на боксот, додека пак неговиот главен конкурент од Williams, Алан Прост, дури седум.

Нешто повеќе од 30000 гледачи на патеката Донингтон Парк, на кои што временските услови не и претставуваа никаков проблем, беа сведоци на оваа незаборавна трка во која што легендарниот Аиртон Сена стигна до својата 38 Гранд При победа во кариерата.

Да ги погледнеме најинтересните моменти од оваа трка:

А за сите што сакаат да ја погледнат  целосно оваа трка, повелете:

About vladimir

Check Also

Забрзувањето на Ferrari 812 Competizione; V12 агрегат на 9.000 вртежи во минута (ВИДЕО)

Звукот на автомобилите зависи од локацијата. V8 звукот е дефиниција за уживање во Америка и …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *