Home / Latest Articles / F1: 36 години од трагичната смрт на една од најголемите ѕвезди на Ferrari

F1: 36 години од трагичната смрт на една од најголемите ѕвезди на Ferrari

Тешко е да се поверува дека поминаа точно 36 години од трагичната смрт на една од најголемите ѕвезди на Ferrari и на Формула 1.

Жил Вилнев трагично го загуби својот живот на патеката Золдер за време на квалификациите за Белгиското Гранд При во 1982 година. Тој имаше само 32 години. Во својата кратка тркачка кариера во Формула 1, Вилнев возеше за двата најголеми тимови во овој спорт, McLaren и Ferrari. Тој успеа да освои 2 пол-позиции, 6 победи и 13 пати да се искачи на подиумот.

Многумина велат за него дека е еден од најголемите и најдобрите возачи во Формула 1 што никогаш не успеале да ја освојат шампионската титула. Неговиот возачки стил на “максимален напад” ги плашеше сите негови конкуренти.

За време на неговиот погреб во родната Канада, Џоди Шектер го изјави следново:

“Жил ќе ми недостасува поради две причини: прво, тој беше најголемиот генијалец што го познавав и како второ, тој беше најбрзиот возач во историјата на тркањето.”

Почивај во мир голем човеку…

About vladimir

Check Also

Забрзувањето на Ferrari 812 Competizione; V12 агрегат на 9.000 вртежи во минута (ВИДЕО)

Звукот на автомобилите зависи од локацијата. V8 звукот е дефиниција за уживање во Америка и …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *