Home / Latest Articles / F1: McLaren ја пронајде причината за проблемите на тестирањето

F1: McLaren ја пронајде причината за проблемите на тестирањето

Тимскиот шеф на McLaren, Ерик Булие, вели дека неговиот тим ја открил причината поради која што имаа многу проблеми за време на претсезонските тестирања во Шпанија.

Новиот McLaren MCL33 имаше повеќе проблеми за време на 8-дневното тестирање на Каталуња и статистички е болидот со најмала издржливост пред почетокот на сезоната 2018-та. Тимот од Вокинг се соочи со неколку проблеми со електрониката, со хидрауликата, протекување на масло и откажување на турбото. Тие дури имаа и отпаѓање на тркалото по само неколку круга на првиот ден од тестот.

Како и да е, тимскиот шеф вели дека е пронајдена причината за овие проблеми и дека тие се надминати пред почетокот на новата Ф1 сезона, која што ќе стартува следниот викенд во Австралија.

“Претсезонските тестирања не поминаа како што очекувавме, но во нашата фабрика успеавме да ги пронајдеме причините за сите проблеми. Работиме многу напорно за да се осигураме дека нема да се појават било какви проблеми на првиот Гранд При викенд во Австралија. Не очекуваме никакви чуда, но ќе го дадеме максимумот.” – изјави Булие.

About vladimir

Check Also

Забрзувањето на Ferrari 812 Competizione; V12 агрегат на 9.000 вртежи во минута (ВИДЕО)

Звукот на автомобилите зависи од локацијата. V8 звукот е дефиниција за уживање во Америка и …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *