Home / Latest Articles / Ford Focus Cup GB: Кипровски стартува утре на Донингтон

Ford Focus Cup GB: Кипровски стартува утре на Донингтон

Македонскиот автомобилист Бранко Кипровски овој викенд ја започнува неговата кампања во Британскиот Ford Focus Cup и тоа на легендарната патека Донингтон.

Ова за него е прва целосна сезона откако одлучи да го премести неговото перманентно живеалиште во Лондон, Велика Британија. Тој настапи на по некоја трка од ова натпреварување, каде можевме да видиме дека има голем потенцијал.

Поради тоа тој целосно се посвети и дојде до моментот да започне цела сезона во која ќе се бори за највисок пласман, како секој возач. Никој не оди со намера да биде втор, нели…

Кипровски ќе настапи со стартен број 2 за тимот на Purple DOT во жолт Ford Focus. Слободните тренинзи се утре од 10:30 часот, додека квалификациите се на програмата во сабота од 10:05 часот во траење од 15 минути. Првата трка е од 12:05 часот после квалификациите, додека втората трка следи во 13:30 часот.

Ова се пријавените возачи:

About vladimir

Check Also

TCR Europe Монца: Хомола и Аскона најбрзи на слободните тренинзи, ПСС Рејсинг високо позиционирани

28-те возачи кои настапија на слободните тренинзи денес на Монца, најавија доста интересен викенд. Во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *