Thursday , June 17 2021
Home / Latest Articles / Honda NSX против Honda CBR1000RR – РЕЗУЛТАТОТ НАВИСТИНА ЌЕ ВЕ ИЗНЕНАДИ!

Honda NSX против Honda CBR1000RR – РЕЗУЛТАТОТ НАВИСТИНА ЌЕ ВЕ ИЗНЕНАДИ!

Во следното видео ќе погледнете драг трка помеѓу двете најголеми ѕвезди на Honda, NSX и CBR1000RR, и резултатот навистина ќе ве изненади.

Досега имаме погледнато многу различни драг трки помеѓу автомобили и мотоцикли, и тие секогаш биле интересни за гледање.

Технологијата напредна многу во последниве неколку години и секој такмичар во оваа трка ги користи своите адути до максимум: мотоциклот ја користат малата тежина и аеродинамиката, додека автомобилот имаат подобар грип со патеката и многу повеќе сила.

Неодамна редизајнираната Honda CBR1000RR, позната како Fireblade, е навистина многу лесен мотоцикл со многу моќ. Fireblade-oт располага со 189 коњски сили, а тежи само 200 килограми. Станува збор за вистински хипер-мотоцикл, со кој што може многу лесно да загинете уште во првите 20 минути доколу ги потцените неговите можности. Тој е опремен со систем за контрола на тракцијата и може да постигне брзина од 100км/ч за нешто помалку од 3 секунди!

Од друга страна,  Honda NSX е многу напреден супер автомобил опремен со 3.5 литарски твин-турбо V6 агрегат и 3 електро мотори. Овој хибрид има максимална моќност од 573 коњски сили и може да стигне до 100ка исто така за нешто помалку од 3 секунди.

Останува да го погледнете видеото и да видите кој ќе биде победникот во оваа драг трка:

Check Also

TCR Europe: Високо квалитетен викенд за ПСС Рејсинг на Пол Рикар

Највисок пласман за Давидовски до сега во неговата кариера во TCR Europe Македонскиот ПСС Рејсинг …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *