Thursday , June 17 2021
Home / Latest Articles / Honda NSX против Nissan GTR – драг и ролинг трка, тест на сопирачките

Honda NSX против Nissan GTR – драг и ролинг трка, тест на сопирачките

Момците од Carwow и овој пат ни приредија една интересна споредба, помеѓу двајца јапонски супер-спортисти: Honda NSX против Nissan GTR!

Во следното видео ќе видиме три споредби помеѓу Honda NSX и Nissan GTR: драг трка на четврт милја (402 метри), ролинг трка со старт од 50 милји на час (80км/ч) и тест на сопирачките при брзина од 70 милји на час (112км/ч).

Навидум, станува збор за автомобили со слични, скоро исти карактеристики. Но, мораме да имаме во предвид дека Honda NSX е технлошки понапреден и 10 години понов модел од Nissan GTR. Сепак, ве уверувам дека ќе видите многу тесна и интересна битка.

За потсетување: Honda NSX е опремена со 3.5-литарски V6 агрегат и 3 електро мотори. Два од нив се наоѓаат на предните тркала, додека едниот е на самиот мотор и го надополнува доцнењето на турбината. Овој сложен хибрид има максимална моќност од околку 580 коњски сили. Од друга стана, Nissan GTR е исто така опремен со 3.5-литарски V6 агрегат со моќност од 570 коњски сили.

Па, да го погледнеме видеото:

Check Also

TCR Europe: Високо квалитетен викенд за ПСС Рејсинг на Пол Рикар

Највисок пласман за Давидовски до сега во неговата кариера во TCR Europe Македонскиот ПСС Рејсинг …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *