Thursday , June 17 2021
Home / Latest Articles / Jeep Trackhawk со 700КС против McLaren 570S

Jeep Trackhawk со 700КС против McLaren 570S

Секако дека сакате да видите драг трка промеѓу теренско возило со 700 коњски сили и супер-спортски автомобил.

Овој Jeep Grand Cherokee Trackhawk е многу побрз од било кое теренско возило благодарение на доработката од тунерот Hennessey. Опремен со Hellcat V8 агрегат и моќност од 697 коњски сили, овој Grand Cherokee може да направи спринт од 0 до 100 километри на час за само 3.5 секунди! Тој е побрз од 0 до 100км/ч од многу супер-спортски автомобили како што се Lexus LFA, Aston Martin DB11 и Dodge Challenger Hellcat.

Но дали тоа е доволно за да се справи со овој McLaren 570S? Прво да се потсетиме, McLaren 570S е придвижуван од 3.8-литарски твин-турбо V8 агрегат со моќност од 562 коњски сили. од 0 до 100км/ч може да стигне за околу 3 секунди, но оваа трка е на четврт милја, па да видиме како ќе се справи со овој Jeep Grand Cherokee Trackhawk туниран од Hennessey.

Да го погледнеме видеото, но пред тоа во коментарите подолу кажете ни кој е вашиот фаворит?

Check Also

TCR Europe: Високо квалитетен викенд за ПСС Рејсинг на Пол Рикар

Највисок пласман за Давидовски до сега во неговата кариера во TCR Europe Македонскиот ПСС Рејсинг …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *