Saturday , June 19 2021
Home / Latest Articles / Koj Honda Civic Type R e подобар? EP3 против FN2 против Mugen против FK2 против FK8

Koj Honda Civic Type R e подобар? EP3 против FN2 против Mugen против FK2 против FK8

Во следново видео ќе видите навистина интересна споредба помеѓу сите досегашни Honda Civic Type R.

Type R одделот на Honda дигна навистина голема бука со сите свои досегашни модели, па дечките од Car Wow се решиле да го направат следново видео во чест на 30-годишнината од првиот Type R. Ќе можете да видите споредба на сите Honda Civic Type R што во последниве 30 години се продавале на пазарот во Велика Британија.

EP3 против FN2 против Mugen против FK2 против FK8.  Споредбата ќе биде правена во повеќе параметри: драг трка на половина милја (804 метри), драг трка во движење од 50км/ч, тест на сопирачките и перформанси на тркачка патека. Потоа водителот на Car Wow ќе донесе заклучок кој модел е најзабавен за возење и најкомплетен производ.

Јас никако не би се согласил со изборот и констатацијата на водителот, но да го погледнеме видеото па решете сами кој Honda Civic Type R e подобар и повозбудлив.

Check Also

TCR Europe: Високо квалитетен викенд за ПСС Рејсинг на Пол Рикар

Највисок пласман за Давидовски до сега во неговата кариера во TCR Europe Македонскиот ПСС Рејсинг …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *