Реномираната Британска тунинг куќа Litchfield Motors најави нова тунинг програма за овогодинешниот модел на Toyota GR Yaris.
Ова е најновиот хот хеч кој го освои пазарот побрзо од многу автомобили, а ексклузивно е понуден со три врати. Располага со целосна хомологација за Светскиот рели шампионат, како и со 1.6 литарски турбо агрегат со три цилиндри кој од себе вади 268КС и 370Њм вртежен момент. Забрзувањето од 0 до 100км/ч му изнесува 5.2 секунди додека максималната брзина му е ограничена на 230км/ч.
Litchfield Motors земаа два развојни автомобили на кои беа тестирани мотори и шасии со различни спецификации, а целта беше детални калкулации од звукот на издувниот систем до оптимални подесувања на суспензијата.
Тунинг делови како издувен систем, ролбар, усисен систем, интеркулер, ECU тунинг, суспензија, тркачки седишта и полиуретански спојувачи моментално се изработуваат во GR Yaris. Од компанијата веруваат дека ќе постигнат огромен напредок со унапредената суспензија, аеродинамички, но и естетски.
Динамичките тестови покажаа дека Toyota GR Yaris може лесно да достигне 300КС, но потребна е дополнителна калибрација за ублажување.