Thursday , June 17 2021
Home / Latest Articles / McLaren 720S GT3 пристигнува во 2019

McLaren 720S GT3 пристигнува во 2019

Репутацијата која ја поседува McLaren како неверојатно моќен супер автомобил кој може да се справи и со некои хипер автомобили, ќе ја оправда со конструирање на тркачки модел на 720S

Сега и официјално, McLaren најавија развој на McLaren 720S GT3 кој ќе им биде понуден на тркачки тимови од 2019 година. Никакви технички податоци не се објавени, но познато е тоа дека развојот на 720S GT3 ќе започне од следната година. Овој модел ќе го замени моменталниот 650S GT3, а ќе биде развиван во седиштето на McLaren во Вокинг, Велика Британија.

Моментално достапни се само дизајнерски скечови за неговиот изглед. Како погонски агрегат ќе биде дополнително развиван 4.0 литарски V8 турбо агрегат со два турбо полначи кој претходно се користеше во моделите 650S GT3 и MP4-12C GT3, а ќе биде претставен следното лето. Новиот мотор на серискиот модел ќе располага со 710КС, додека силата на тркачкиот модел ќе зависи од правилата на GT3 шампионатот.

Цената не е позната, но се очекува да биде околу 330.000 фунти.

Check Also

TCR Europe: Високо квалитетен викенд за ПСС Рејсинг на Пол Рикар

Највисок пласман за Давидовски до сега во неговата кариера во TCR Europe Македонскиот ПСС Рејсинг …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *