Home / Latest Articles / Moped Endurance Cup – Од добра забава до сериозно натпреварување

Moped Endurance Cup – Од добра забава до сериозно натпреварување

Кога пред два месеци беше распишан конкурс за пријавување на возачи на Moped Endurance Cup-от никој не помисли дека ова куп натпреварување ќе се претвори во сериозно натпреварување. Но денес после првата официјална трка, сите можеме да се сложиме дека сево ова стана една сериозна приказна

Пред околу 2.000 љубопитни гледачи, со претрчување на патеката за да дојдат до своите мопеди, 29 екипи ја започнаа 4-часовната трка на издржливост на картинг патеката Ада Хуја крај Белград. Квалификациите ги возеa повеќе возачи, но недостатокот на среќа ги спречи да стартуваат. Четири часа возачите вртеа кругови на патеката на карт мото центарот Ада Хуја. Падови, кварови и излетувања имаа речиси сите екипи на патеката, но неуморните возачи и механичари работеа цела ноќ за да дојдат до победа и вредни поени.

Во последните 60-тина минути ситуацијата беше јасна – Три екипи се бореа за победа. Различните тактики кои тимовите ги одбраа ги одлучија победниците. Победничка екипа на првата трка беше Карт Мото за која возеа Петар Шарчев, Владимир Поповиќ и Љубомир Бугарски. На оваа екипа и беа потребни 4:00:34.413 часа за да дојдат до победа, поточно 4 часа и еден цел круг.

Во борбата за второ место исто така имаше драматична завршница. Екипата Гараж Мајстори чии бои ги бранеа Дарко Прокин, Дејан Ристовски и Немања Медиќ и третопласираната екипа 33 Мотор Спорт за која возеа Немања Новаковиќ, Братислав Вељковиќ и Срѓан Вишњиќ разликата беше само неколку секунди. Екипата 33 Мотор Спорт се одлучија за тактика со еден возач во последните 60 минути, поради што можеа да ја освојат втората позиција ако нивниот мопед на два круга до крајот не останеше без гориво.

На крајот Гараж Мајстори поминаа низ целта како второпласирани, а со еден круг заостанување зад победничката екипа, додека 33 Мотор Спорт мораа да се задоволат со третата позиција.

Текст: plumrace.com

About vladimir

Check Also

WRC: Утре започнува Рели Хрватска

После одобрувањето за Хрватска рунда во Светскиот рели шампионат минатата година, WRC караванот се враќа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *