Home / Latest Articles / MotoGP: Агостини: Роси ПРЕТЕРА за инцидентот со Маркез

MotoGP: Агостини: Роси ПРЕТЕРА за инцидентот со Маркез

15-кратниот Мото ГП шампион, Џакомо Агостини, вели дека Валентино Роси претерал со неговите критики кон Марк Маркез за инцидентот на последната трка во Аргентина.

Агостини вели дека Роси не е во право и дека Маркез ненамерно го турнал надвор од патеката. Мото ГП легендата исто така вели дека Маркез не заслужува поголема казна од изречената.

“Маркез направи грешка и се извини. Да се надеваме дека нема да ја повтори, но тој во никој случај не треба да биде дисквалификуван. Тој си ја доби заслужената казна по завршувањето на трката. Доколку ги дисквалификуваме возачите по секоја грешка, тогаш ќе го уништиме тркањето.” – изјави Агостини.

“Она што се случи помеѓу Маркез и Роси му се има случено на секого. Ми се има случено мене, му се има случено на Роси, а на оваа трка истото му се случи и на Зарко. Не е вистина тоа што го вели Роси, дека Маркез целел на неговата нога. Беше нервозен и претера со обвинувањата.”

 

About vladimir

Check Also

WRC: Утре започнува Рели Хрватска

После одобрувањето за Хрватска рунда во Светскиот рели шампионат минатата година, WRC караванот се враќа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *