Home / Latest Articles / MotoGP: Апсолутна доминација на Маркез во Аргентина

MotoGP: Апсолутна доминација на Маркез во Аргентина

Возачот на Honda Марк Маркез дојде до доминатна победа на денешното Мото Гран При на патеката Термас Де Рио Ондо, со предност од 10 секунди пред Валентино Роси

Марк Маркез дојде до сигурна победа на втората рунда од календарот, правејќи рана предност пред своите ривали после перфектниот старт. Иако не видовме никаква борба за првата позиција, видовме за втората, на која заврши Валентино Роси кој може да се каже дека долго време ја очекуваше.

Ова беше доста добар настап од страна на Роси, иако никој од ривалите на Маркез не можеше да се држи до неговото темпо кое од круг во круг растеше од три секунди во третиот круг, седум секунди во 10-тиот и 9.8 секунди на крајот од трката.

Борбата за втората позиција највеќе се водеше помеѓу Роси и Довициозо која заврши со проаѓање во познатиот стил на Роси во последниот круг. На четвртата позиција заврши Џек Милер, пред Алекс Ринс на петтата.

Шести беше Данило Петручи пред Такаки Накагами на седмата, а топ десетте ги комплетираа Фабио Картаро, Алеш Еспергаро и Пол Еспергaро.

Вистинска катастрофа се случи во последниот круг за Маверик Вињалес, кој иако имаше лош старт од втората позиција, успеа да ја задржи седмата позиција, но остана без поени откако Франко Морбидели се удри во задниот дел на неговиот моторцикл, после што двајцата излетаа од патеката.

About vladimir

Check Also

WRC: Утре започнува Рели Хрватска

После одобрувањето за Хрватска рунда во Светскиот рели шампионат минатата година, WRC караванот се враќа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *