Home / Мотоциклизам / MotoGP Аргентина: Интересен прв ред за денешната трка – Маркез, Абрахам, Крачлоу!

MotoGP Аргентина: Интересен прв ред за денешната трка – Маркез, Абрахам, Крачлоу!

Минатогодишниот MotoGP шампион Марк Маркез ја освои пол позицијата на Аргентинското Гран При откако се измачи на дождовната борба за највисока позиција на предниот ред

Ова воедно беше и доста голема предност со која Маркез ја освои пол позицијата. 7 десетинки предност не се воопшто секојдневие, но земајќи ги во предвид лошите временски услови, може да помине. На влажната патека која веќе започна да се суши, возачот на Repsol Honda извози најбрз круг од 1:47.512 со кој успеа да го освои првото стартно место на Аргентинската патека Термас Де Рио Ондо, пред Чешкиот возач Карел Абрахам на Aspar Ducati GP15, кој за неверојатни 0.003 секунди се најде пред Кал Крачлоу.

Од вториот ред ќе стартуваат Данило Петручи на Octo Pramac Ducati, кој беше за 1.3 секунди позади Маркез, додека Дани Педроса и Маверик Вињалес го потполнија вториот ред. Единствена прва позиција која можеше да ја освои Валентино Роси беше онаа на третиот ред, кој позади него го потполнија Алеш Еспергаро и Лорис Баз, додека од четвртиот ред ќе стартуваат Баутиста, Фолџер и Јаноне.

Подолу, погледнете го целиот стартен грид со извозените времиња на квалификациите:

1. Marc Marquez ESP Repsol Honda Team (RC213V) 1m 47.512s [Lap 6/7] 314km/h (Top Speed)
2. Karel Abraham CZE Aspar MotoGP Team (Desmosedici GP15) 1m 48.275s +0.763s [6/7] 304km/h
3. Cal Crutchlow GBR LCR Honda (RC213V) 1m 48.278s +0.766s [7/8] 312km/h
4. Danilo Petrucci ITA Octo Pramac Racing (Desmosedici GP17) 1m 48.908s +1.396s [6/8] 314km/h
5. Dani Pedrosa ESP Repsol Honda Team (RC213V) 1m 49.008s +1.496s [5/8] 303km/h
6. Maverick Viñales ESP Movistar Yamaha MotoGP (YZR-M1) 1m 49.218s +1.706s [7/7] 306km/h
7. Valentino Rossi ITA Movistar Yamaha MotoGP (YZR-M1) 1m 49.272s +1.760s [8/8] 310km/h
8. Aleix Espargaro ESP Factory Aprilia Gresini (RS-GP) 1m 49.323s +1.811s [7/7] 307km/h
9. Loris Baz FRA Reale Avintia Racing (Desmosedici GP15) 1m 49.630s +2.118s [3/7] 306km/h
10. Alvaro Bautista ESP Aspar MotoGP Team (Desmosedici GP16) 1m 49.724s +2.212s [8/8] 312km/h
11. Jonas Folger GER Monster Yamaha Tech 3 (YZR-M1)* 1m 49.825s +2.313s [7/7] 306km/h
12. Andrea Iannone ITA Team Suzuki Ecstar (GSX-RR) 1m 50.725s +3.213s [7/7] 307km/h
13. Andrea Dovizioso ITA Ducati Team (Desmosedici GP17) 1m 49.488s 306km/h
14. Johann Zarco FRA Monster Yamaha Tech 3 (YZR-M1)* 1m 49.916s 311km/h
15. Scott Redding GBR Octo Pramac Racing (Desmosedici GP16) 1m 50.048s 314km/h
16. Jorge Lorenzo ESP Ducati Team (Desmosedici GP17) 1m 50.310s 310km/h
17. Jack Miller AUS Estrella Galicia 0,0 Marc VDS (RC213V) 1m 50.319s 311km/h
18. Pol Espargaro ESP Red Bull KTM Factory Racing (RC16) 1m 50.673s 311km/h
19. Bradley Smith GBR Red Bull KTM Factory Racing (RC16) 1m 50.676s 305km/h
20. Tito Rabat ESP Estrella Galicia 0,0 Marc VDS (RC213V) 1m 50.910s 312km/h
21. Hector Barbera ESP Reale Avintia Racing (Desmosedici GP16) 1m 51.058s 313km/h
22. Sam Lowes GBR Factory Aprilia Gresini (RS-GP)* 1m 51.199s 306km/h
23. Alex Rins ESP Team Suzuki Ecstar (GSX-RR)* 1m 52.340s 308km/h

About vladimir

Check Also

MotoGP: Бањаја планира повеќе да ја употребува тајната на Роси во 2022

Возачот на Ducati Франческо Бањаја изјави дека ќе проба да ужива повеќе тркачки викенди во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *