Home / Latest Articles / MotoGP: Бањаја планира повеќе да ја употребува тајната на Роси во 2022

MotoGP: Бањаја планира повеќе да ја употребува тајната на Роси во 2022

Возачот на Ducati Франческо Бањаја изјави дека ќе проба да ужива повеќе тркачки викенди во 2022, користејќи ја тајната на неговиот ментор Валентино Роси.

Бањаја дојде до четири победи во оваа сезона и заврши како вице шампион кај возачите позади Фабио Квартараро од кого ја загуби титулата со разлика од 26 поени.

Италијанецот дојде до својата прва победа во неговата MotoGP кариера на патеката Арагон во жестока борба со Марк Маркез. Бањаја изјави дека ова му била најдобрата трка во 2021 сезона, кој исто така од оваа трка започнал да ужива во секој момент од секој тркачки викенд.

Иако Роси се повлече од MotoGP шампионатот, тој редовно ќе биде присутен во падокот со неговиот VR46 тим и неговата VR46 Академија на возачи од која Бањаја е дел.

Се очекува дека Бањаја ќе биде дел од борбата за титулата и следната година. Тој очекува дека Роси ќе биде цело време во негова близина, но немал побарано дополнителна помош од Роси, кој веќе е познато дека неговата кариера ја пренасочи во GT трките.

„Иако не побарав целосна поддршка како помош од Валентино, тој цело време ќе биде во моја близина. Тој е наш ментор и секако дека ќе ни помогне. Нема да биде лесно бидејќи тој ќе биде преокупиран со неговата автомобилска кариера, но за нас, секогаш ќе биде во близина.“ – изјави Бањаја.

About vladimir

Check Also

MotoGP Катар: Првата пол позиција за Хорхе Мартин

Возачот на Pramac Ducati Хорхе Мартин дојде до првата пол позиција на стартот од оваа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *