Home / Latest Articles / MotoGP: Винјалес го продолжи договорот со Yamaha

MotoGP: Винјалес го продолжи договорот со Yamaha

Возачот на Movistar Yamaha Moto GP, Маверик Винјалес, објави дека го продолжил договорот со својот тим за 2 години.

Шпанскиот возач, кој што во текот на минатата сезона успеа да стигне до 3 победи и шампионатот го заврши на 3-тата позиција, го објави својот нов договор со Yamaha на денешното претставување на новиот мотоцикл за сезоната 2018-та.

“Се чувствувам навистина добро во овој тим и чувствувам голема желба за победа, што е нешто со што се идентификувам и што навистина го сакам. Направивме добар компромис, што ќе биде добро и за двете страни. Едно големо “Благодарам” до Yamaha бидејќи ми овозможија моите соништа да станат реалност, па да видиме дали оваа сезона ќе го повториме успехот.” – изјави Винјалес.

Со овој договор, Маверик Винјалес ќе остане во Movistar Yamaha MotoGP до крајот на сезоната 2020.

About vladimir

Check Also

TCR Europe Монца: Хомола и Аскона најбрзи на слободните тренинзи, ПСС Рејсинг високо позиционирани

28-те возачи кои настапија на слободните тренинзи денес на Монца, најавија доста интересен викенд. Во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *