Home / Latest Articles / MotoGP: Винјалес најбрз на вториот ден од тестот во Малезија

MotoGP: Винјалес најбрз на вториот ден од тестот во Малезија

Денес е вториот ден од предсезонските тестирања во Мото ГП шампионатот на патеката Сепанг во Малезија.

На ова тестирање учествуваа сите 23-ца пријавени во овогодинешниот Мото ГП шампионат, но исто така и неколку резервни возачи. Тестирањето започна во 10 часот, но поради врнежите од дожд возачите останаа во гаражите до 11 часот. Целиот ден помина без поголеми проблеми, со исклучок на црвените знаменца поради падот на Пол Еспаргаро во 15 часот.

Во последниот час беа поставени најбрзите времиња денес, но на крајот двајцата возачи на Movistar Yamaha, Маверик Винјалес и Валентино Роси, се најдоа на првите две позиции. Најбрзата Honda беше онаа на Кал Крачлоу од LCR Honda, кој што се најде на 3-тата позција пред Хорхе Лоренцо од фабричкиот тим на Ducati и Џек Милер од Pramac Ducati.

На 6-тата позиција заврши Жоан Зарко од Monster Yamaha Tech3, пред двајцата учесници во минатогодишната битка за титула, Марк Маркез од Repsol Honda и Андреа Довициозо од Ducati. Топ 10 беше комплетиран со Данило Петручи од Pramac Ducati и Андреа Ианоне од Suzuki Ecstar.

 

About vladimir

Check Also

WRC: Утре започнува Рели Хрватска

После одобрувањето за Хрватска рунда во Светскиот рели шампионат минатата година, WRC караванот се враќа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *