Home / Latest Articles / MotoGP: Винјалес најбрз на првиот ден од тестот во Катар

MotoGP: Винјалес најбрз на првиот ден од тестот во Катар

Возачот на фабричкиот тим на Yamaha, Маверик Винјалес, беше најбрз на првиот ден од последниот предсезонски тест во Мото ГП шампионатот на патеката Лосаил.

На оваа патека исто така ќе се одржи и првата трка од овогодинешниот шампионат точно за две недели. Ова остварување на Винјалес беше изненадување за сите, па и за него. Тој беше за само 0.051 секунди побрз од Андреа Довициозо, возачот на фабричкиот тим на Ducati.

На 3-тата позиција се најде Андреа Ианоне од Suzuki Ecstar, пред Жоан Зарко од Monster Yamaha Tech3, Хорхе Лоренцо од Ducati и Алекс Ринс од Suzuki Ecstar. Топ 10 беше заокружен со Валентино Роси од Movistar Yamaha, Данило Петручи од Pramac Ducati, Кал Крачлоу од LCR Honda и Марк Маркез од Repsol Honda.

“На почетокот ги имавме истите проблеми како на последниот тест во Тајланд, но по промената на подесувањето почна да биде се подобро и подобро при секој излез од свиок. Посебно во Тајланд имавме проблеми при сопирањето – задната гума се лизгаше премногу. Откако ги променивме подесувањата, се беше подобро.” – изјави Винјалес.

About vladimir

Check Also

TCR Europe Монца: Хомола и Аскона најбрзи на слободните тренинзи, ПСС Рејсинг високо позиционирани

28-те возачи кои настапија на слободните тренинзи денес на Монца, најавија доста интересен викенд. Во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *