Home / Latest Articles / MotoGP: Винјалес: Ова беше најлошиот тест на Yamaha

MotoGP: Винјалес: Ова беше најлошиот тест на Yamaha

По завршувањето на тридневното тестирање во Тајланд, возачот на Yamaha вели дека ова било најлошиот тест за неговиот тим.

Маверик Винјалес нема објаснување за неговото лошо темпо на патеката Бурурам во Тајланд. 23-годишниот возач на фабричкиот тим на Yamaha последниот Мото ГП тест го заврши на 8-та позиција со заостанување од скоро половина секунда позади најдоброто време на Дани Педроса од Repsol Honda.

“Работиме многу напорно, но сеуште ги имаме проблемите со кои што се соочуваме во текот на последните 6 месеци. Искрено, незнам која е причината. Денес имавме многу повеќе проблеми од вчера. Мислев дека ќе најдеме решение за проблемот, но не успеавме во тоа.” – изјави Винјалес.

“Мораме да продолжиме со напорната работа. Се обидовме на секој можен начин и не успеавме да го пронајдеме решението. Многу е збунивачки бидејќи некои мотоцикли на Yamaha функционираат добро и се многу конкуренти, а ние како фабрички тим сеуште не можеме да го решиме проблемот.” – додаде тој.

About vladimir

Check Also

TCR Europe Монца: Хомола и Аскона најбрзи на слободните тренинзи, ПСС Рејсинг високо позиционирани

28-те возачи кои настапија на слободните тренинзи денес на Монца, најавија доста интересен викенд. Во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *