Home / Latest Articles / MotoGP: Втора победа по ред за Вињалес, Маркез со катастрофална грешка во Аргентина

MotoGP: Втора победа по ред за Вињалес, Маркез со катастрофална грешка во Аргентина

Возачот на Yamaha Movistar Маверик Вињалес ја извојува неговата втора победа по ред оваа сезона, откако изминатиов викенд успеа да докаже дека може и почесто да победува. Тој дојде до победа откако неговиот ривал Марк Маркез не успеа да се задржи на еден од најпроблематичните свиоци на патеката Термас де Рио Ондо.

Вињалес стана првиот возач на Yamaha уште од Вејн Рејни од 1990 што победил на две рунди на почетокот на сезоната. Тој го зголеми водството во генерелен пласман, додека неговиот тимски колега Валентино Роси го остави проблематичниот викенд зад себе и ја освои втората позиција пред Кал Крачлоу од LCR Honda. Ова беше мизерна трка за Лоренцо кој доживеа пад со неговото Ducati откако го закачи задното тркало на Андреа Јаноне, кој подоцна беше казнет поради преран старт. Но сепак Маркез ја имаше брзината за да извојува победа, но како се одвојуваше од групата, така се повеќе добивавме чувство дека станува несигурен. Подоцна на свиокот бр.2 Маркез загуби контрола над предниот дел од моторциклот, излета од патеката, а автоматски неговите планови и желби пропаднаа во вода.

Но и неговиот тим подоцна доживеа целосна катастрофа откако и тимскиот колега на Маркез, Дани Педроса, доживеа пад, а тоа значеше 0 поени за тимот на Repsol Honda. Со седум круга пред крајот, Роси го направи очекуваниот потег на свиокот бр.5, кој подоцна успеа да направи мало растојание кое му донесе сигурна втора позиција на подиумот со предност од 2.9 секунди од Вињалес, на неговиот 350-ти старт во MotoGP шампионатот. Дани Педроса го држеше четвртото место борејќи се со Јохан Зарко, но после борба во неколку круга, Педроса загуби контрола над својот моторцикл на истиот свиок на кој Маркез доживеа незгода.
Драмата беше присутна и поназад кога возачот на Ducati Андреа Довициозо беше „собран“ од Алеш Еспергаро кој загуби контрола над моторциклот додека му беше во внатрешна страна од свиокот на Довициозо. Алваро Баутиста заврши на силна четврта позиција на неговото Aspar Ducati пред Зарко и Џонас Фолџер на сателитските Yamaha моторцикли. Данило Петручи заврши како седми, додека топ 10-те ги заокружија Рединг, Милер и Абрахам.

1. Maverick Viñales ESP Movistar Yamaha MotoGP (YZR-M1) 41m 45.060s
2. Valentino Rossi ITA Movistar Yamaha MotoGP (YZR-M1) 41m 47.975s
3. Cal Crutchlow GBR LCR Honda (RC213V) 41m 48.814s
4. Alvaro Bautista ESP Aspar MotoGP Team (Desmosedici GP16) 41m 51.583s
5. Johann Zarco FRA Monster Yamaha Tech 3 (YZR-M1)* 42m 0.564s
6. Jonas Folger GER Monster Yamaha Tech 3 (YZR-M1)* 42m 3.301s
7. Danilo Petrucci ITA Octo Pramac Racing (Desmosedici GP17) 42m 5.106s
8. Scott Redding GBR Octo Pramac Racing (Desmosedici GP16) 42m 10.540s
9. Jack Miller AUS Estrella Galicia 0,0 Marc VDS (RC213V) 42m 10.725s
10. Karel Abraham CZE Aspar MotoGP Team (Desmosedici GP15) 42m 11.463s
11. Loris Baz FRA Reale Avintia Racing (Desmosedici GP15) 42m 12.012s
12. Tito Rabat ESP Estrella Galicia 0,0 Marc VDS (RC213V) 42m 26.935s
13. Hector Barbera ESP Reale Avintia Racing (Desmosedici GP16) 42m 27.830s
14. Pol Espargaro ESP Red Bull KTM Factory Racing (RC16) 42m 28.145s
15. Bradley Smith GBR Red Bull KTM Factory Racing (RC16) 42m 28.512s
16. Andrea Iannone ITA Team Suzuki Ecstar (GSX-RR) 42m 31.279s
Andrea Dovizioso ITA Ducati Team (Desmosedici GP17) DNF
Aleix Espargaro ESP Factory Aprilia Gresini (RS-GP) DNF
Dani Pedrosa ESP Repsol Honda Team (RC213V) DNF
Sam Lowes GBR Factory Aprilia Gresini (RS-GP)* DNF
Alex Rins ESP Team Suzuki Ecstar (GSX-RR)* DNF
Marc Marquez ESP Repsol Honda Team (RC213V) DNF
Jorge Lorenzo ESP Ducati Team (Desmosedici GP17) DNF

About vladimir

Check Also

TCR Europe Монца: Хомола и Аскона најбрзи на слободните тренинзи, ПСС Рејсинг високо позиционирани

28-те возачи кои настапија на слободните тренинзи денес на Монца, најавија доста интересен викенд. Во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *