Home / Latest Articles / MotoGP: Голема победа на домашен терен за Бањаја

MotoGP: Голема победа на домашен терен за Бањаја

Возачот на Дукати Франческо Бањаја успеа да се одбрани од расположениот Фабио Квартараро и да дојде до голема победа на домашната патека во Сан Марино, со новајлијата Енеа Бастиани кој го пополни последното место на подиумот.

Бањаја полета уште од пол позицијата повлекувајќи за цела секунда уште во првиот круг, додека неговиот тимски колега Џек Милер скокна на втората позиција пред Квартараро.

Низ првиот дел од трката Бањаја ја контролираше трката кој направи предност преку две секунди, предност која дојде од грешките на Милер и Квартараро во свиокот број 13 во осмиот круг.

Потоа на само 8 кругови до крајот, предноста се намали на 1.2 секунди, но до крајот од трката Бањаја беше едноставно не победлив, иако победи со предност од само 0.364 секунди пред Квартараро.

Трет со заостануваше од 4.789 секунди заврши Енеа Бастиани, пред Маркез, Милер, Мир, П. Еспергаро, А. Еспергаро, Биндер и Накагами кој ги заокружи топ 10-те.

Квартараро моментално се наоѓа на првата позиција во генерален пласман со предност од 48 поени пред Бањаја.

About vladimir

Check Also

MotoGP Катар: Првата пол позиција за Хорхе Мартин

Возачот на Pramac Ducati Хорхе Мартин дојде до првата пол позиција на стартот од оваа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *