Денес на патеката Мизано во Италија се извози и вториот слободен тренинг на кој возачот на Дукати Данило Петручи извози најбрз круг
Но она што беше катастрофално на вториот тренинг беше падот на Марк Маркез кој водеше на целиот тренинг. Се очекуваше Маркез да биде најбрз на вториот тренинг, но на 16-тиот свиок тој не можеше да се задржи на својот моторцикл при што доживеа пад. И покрај брзото излегување со резервниот моторцикл тој не успеа да направи подобро време од петтото време кое го извози при крајот на сесијата.
Вињалес беше веднаш зад Петручи за 0.005 секунди на втората позиција, додека трет најбрз беше Андреа Довициозо. На четвртата позиција се најде Дани Педроса, со Марк Маркез на петтата позиција. Во топ 10 влегоа Крачлоу, Пиро, Лоренцо, Јаноне, додека топ 10-те ги комплетираше Тито Рабат. Да потсетиме, за жал Валентино Роси ќе отсутвува од шампионатот на подолго време поради скршеница на десната нога со која се здоби после приватен мотокрос тренинг…
Подолу погледнете ги времињата од топ 10-те на денешните втори слободни тренинзи: