Home / Latest Articles / MotoGP: Довициозо најбрз и на вториот тренинг во Катар

MotoGP: Довициозо најбрз и на вториот тренинг во Катар

Возачот на фабричкиот тим на Ducati, Андреа Довициозо, беше најбрз и на вториот тренинг на патеката Лосаил во Катар.

Оваа патека очигледно му одговара на мотоциклот на Ducati бидејќи на втората позиција со заостанување од само 0.006 секунди се најде Данило Петручи од Pramac Ducati.

Вториот тренинг помина под рефлектори и беше вистински тест за утрешните квалификации бидејќи и тие ќе се возат утре во вечерните часови. Возачот на LCR Honda, Кал Крачлоу, беше првиот возач што успеа да го надмине остварувањето на Довициозо поставено на првиот тренинг. Следен кој што изби на врвот од поредокот беше Марк Маркез со време од 1:55.043. Следен најбрз возач беше Алекс Ринс од Suzuki. На крајот од тренингот, неговото остварување беше доволно добро за 3-тата позиција.

На 4-тата позиција се најде Хорхе Лоренцо од Ducati, пред Андреа Ианоне од Suzuki и двајцата возачи на Repsol Honda: Марк Маркез и Дени Педроса. Топ 10 беше заокружен со Кал Крачлоу, Валентино Роси и Жоан Зарко.

About vladimir

Check Also

WRC: Утре започнува Рели Хрватска

После одобрувањето за Хрватска рунда во Светскиот рели шампионат минатата година, WRC караванот се враќа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *