Home / Latest Articles / MotoGP: Довициозо пред Роси на првиот тренинг во Катар

MotoGP: Довициозо пред Роси на првиот тренинг во Катар

Денеска официјално започнува новата Мото ГП сезона на патеката Лосаил во Катар.

Возачот на фабричкиот Ducati, Андреа Довициозо, беше најбрз на првиот официјален тренинг. Тој беше за само 0.061 секунди побрз од возачот на Yamaha, Валентино Роси. Во последните моменти од овој тренинг на 3-тата позиција успеа да се искачи актуелниот шампион и возач на Repsol Honda, Марк Маркез. Тој беше за 0.316 поспор од својот главен конкурент во битката за минатигодишната титула.

На 4-тата позиција се најде возачот на Suzuki, Андреа Ианоне, пред Хорхе Лоренцо од Ducati и Жоан Зарко од Tech3 Yamaha. Топ 10 беше заокружен со Кал Крачлоу, Алекс Ринс, Данило Петручи и Тито Рабат.

About vladimir

Check Also

WRC: Утре започнува Рели Хрватска

После одобрувањето за Хрватска рунда во Светскиот рели шампионат минатата година, WRC караванот се враќа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *