Home / Latest Articles / MotoGP: Дови и Ducati ја започнаа новата сезона со победа

MotoGP: Дови и Ducati ја започнаа новата сезона со победа

Возачот на фабричкиот тим на Ducati, Андреа Довициозо, успеа да стигне до победа на првата трка во Катар по многу блиска битка со актуелниот шампион Марк Маркез.

На стартот од трката освојувачот на пол-позицијата Жоан Зарко успеа да ја задржи првата позиција и да остане на неа до 18-от круг. По претекнувањето од страна на Маркез и Довициозо, Зарко почна да го губи своето темпо и падна до 8-та позиција. По претекнувањето на Зарко, битката за победата помеѓу Довициозо и Маркез траеше до последниот свиок и возачот на Ducati успеа да триумфира со предност од само 0.027.

На 3-тата позиција финишираше Валетино Роси од Yamaha. Италијанецот имаше успешен старт од 8-та позиција и веќе во првиот круг се проби до 4-тата. Сепак, тој го немаше потребното темпо за да влезе во битката за победата.

На 4-тата позција финишираше Кал Крачлоу од LCR Honda, а две секунди позади него Данило Петручи од Pramac Ducati. Тимскиот колега на Роси, Маверик Винјалес, имаше лоша стартна позиција и лош почеток на трката. Но, во завршната фаза, благодарение на потврдите гуми, возачот на Yamaha успеа да се пробие до 6-тата позиција. И покрај одличниот старт и пробивањето до 3-тата позиција во почетната фаза од трката, Дани Педроса од Repsol Honda мораше да се задоволи со 7-то место. Топ 10 беше комплетиран со Андреа Ианоне од Suzuki и Џек Милер од Pramac Ducati.

Хорхе Лоренцо од Ducati и Алекс Ринс од Suziki не успеаа да ја завршат трката поради пад.

About vladimir

Check Also

TCR Europe Монца: Хомола и Аскона најбрзи на слободните тренинзи, ПСС Рејсинг високо позиционирани

28-те возачи кои настапија на слободните тренинзи денес на Монца, најавија доста интересен викенд. Во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *