Home / Latest Articles / MotoGP: Доминантна победа на Маркез, страшен инцидент помеѓу Педроса, Лоренцо и Довициозо!

MotoGP: Доминантна победа на Маркез, страшен инцидент помеѓу Педроса, Лоренцо и Довициозо!

Актуелниот Мото ГП шампион Марк Маркез успеа да стигне до доминантна победа пред домашната публика на патеката Херез во Шпанија.

Возачот на Honda Repsol стартуваше од 5-тата позиција и успеа да се пробие до првата со низа потези достојни за почит. Неговото водство беше зацементирано откако се случи инцидентот помеѓу неговиот тимски колега Педроса и двајцата возачи на фабричкиот Ducati, Лоренцо и Довициозо.

На стартот од трката, Маркез успеа брзо да го претекне освојувачот на пол-позицијата, Кал Крачлоу и стартерот од првиот ред, Жоан Зарко. До средината на трката, актуелниот шампион успеа да ги претекне Педроса и Лоренцо, кои што се наоѓаа на првите две позиции од почетокот на трката. Потоа, Маркез само ја зголемуваше својата предност, која до крајот на трката беше околку 5 секунди.

Откако Маркез успеа да побегне, се разви силна битка за 2-та позиција помеѓу двајцата возачи на Ducati. Довициозо почна да го напаѓа Лоренцо, додека Педроса од позадина чекаше да ја искористи секоја можност што ќе му беше дадена. При една од овие битки, возачите на Ducati влегоа предлабоко во свокот и Педроса се обиде да нападне. Но, Довициозо влезе во неговата тркачка линија при што се судрија и створија домино-ефект од кој настрада и Довициозо. За среќа, сите тројца возачи се извлекоа без повреди.

Сето тоа го искористи Зарко од Tech3 Yamaha за да финишира на 2-та позиција, а на последното место од подиумот се искачи Андреа Ианоне од Suzuki. На 4-тата и 6-тата позиција финишираа двајцата возачи на Pramac Ducati, Данило Петручи и Џек Милер, а помеѓу нив се протна возачот на фабричката Yamaha, Валентино Роси. На 7-та позиција финишираше Маверик Винјалес од Yamaha, пред Алваро Баутиста и Франко Морбидели. Топ 10 беше заокружен со Мика Калио од KTM.

Резултати од Шпанското Гранд При:

About vladimir

Check Also

TCR Europe Монца: Хомола и Аскона најбрзи на слободните тренинзи, ПСС Рејсинг високо позиционирани

28-те возачи кои настапија на слободните тренинзи денес на Монца, најавија доста интересен викенд. Во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *