Home / Мотоциклизам / MotoGP: Жесток старт на MotoGP сезоната во Катар

MotoGP: Жесток старт на MotoGP сезоната во Катар

После тешката и напорна зимска пауза MotoGP тимовите ја пречекаа новата 2017 сезона во која сите возачи очекуваат долга и тешка борба за поени. Развивање, тестирање и тренирање се секогаш главните активности на возачите и тимовите, но првата трка од сезоната во Катар беше еден вид на момент на вистината иако сеозната е долга и напорна.

Неизвесноста на трката се покажа уште на самиот старт кога поради дожд стартот на трката беше одложен за 40 минути, но и 22-та кругови кои беа планирани беа редуцирани на 20. Одложувањето дефитивно беше вредно да се почека, бидејќи бевме сведоци на екстремно добра трка. Уште на стартот Јохан Зарко поведе со неговата Monster Yamaha Tech 3, покажа добро возење, но на 7-от круг доживеа пад што беше големо разочарување за него. После падот на Зарко, Андреа Довициозо го превзема водството пред минатогодишниот шампион Маркез и Андреа Јаноне, меѓу кои се водеше борба за втората позиција со интересни и храбри потези.

Подоцна Јаноне и Маркез се оддалечија од подиумот откако тимските колеги Маверик Вињалес и Валентино Роси успеаа да се пробијат напред, со тоа што Вињалес ја превзема првата позиција, но тоа беше огромна борба со Довициозо и неговото Ducati кое беше доста побрзо на правците, при што гледавме повеќе превземања на водството. На оваа борба Роси никако не можеше да и се приклучи, при што му остана само да даде се од себе за да не го загуби последното место на подиумот.

Но Вињалес го даде максимумот од себе притискајќи го својот моторцикл до и преку границите, за да ја помине линијата на целта со предност од 0.461 секунди пред Довициозо кој заврши на втората позиција, додека Роси не успеа да даде притисок за повисока позиција од последната на подиумот. Довициозо го искористи одложувањето на стартот за да ја замени предната гума со мека, за разлика од претходната медиум компонента, при што тоа коцкање го чинеше доста во последните кругови бидејќи истата почна да губи контакт со асфалтот. Роси заврши 1с позади Довициозо, но беше почестен со завршување на подиум после крајно проблематичното зимско тестирање.

На четвртата позиција после Роси, на 6.7с позади Вињалес заврши Маркез, додека веднаш зад него беше Дани Педроса на петтата позиција. Алеиш Еспергаро имаше силно деби со Aprilia на шестата позиција, додека во топ десетте завршија Скот Рединг, Џек Милер, Алекс Ринс и Џонас Фолгер. Надвор од топ 10-те, на 11-тата позиција заврши Хорхе Лоренцо, додека позади него до 18-тата позиција се наредија Лорис Баз, Хектор Барбера, Карел Абрахам, Тито Рабат, Пол Еспергаро, Бредли Смит и Сем Ловс, додека трката не ја завршија Данило Петручи, Андреа Јаноне Алваро Баутиста, Јохан Зарко и Кал Крачлоу.

Подолу, погледнете ги постигнатите времиња:

1. Maverick Viñales ESP Movistar Yamaha MotoGP (YZR-M1) 38m 59.999s
2. Andrea Dovizioso ITA Ducati Team (Desmosedici GP17) 39m 0.460s
3. Valentino Rossi ITA Movistar Yamaha MotoGP (YZR-M1) 39m 1.927s
4. Marc Marquez ESP Repsol Honda Team (RC213V) 39m 6.744s
5. Dani Pedrosa ESP Repsol Honda Team (RC213V) 39m 7.127s
6. Aleix Espargaro ESP Factory Aprilia Gresini (RS-GP) 39m 7.660s
7. Scott Redding GBR Octo Pramac Racing (Desmosedici GP16) 39m 9.781s
8. Jack Miller AUS Estrella Galicia 0,0 Marc VDS (RC213V) 39m 14.485s
9. Alex Rins ESP Team Suzuki Ecstar (GSX-RR)* 39m 14.787s
10. Jonas Folger GER Monster Yamaha Tech 3 (YZR-M1)* 39m 15.068s
11. Jorge Lorenzo ESP Ducati Team (Desmosedici GP17) 39m 20.515s
12. Loris Baz FRA Reale Avintia Racing (Desmosedici GP15) 39m 21.254s
13. Hector Barbera ESP Reale Avintia Racing (Desmosedici GP16) 39m 28.827s
14. Karel Abraham CZE Aspar MotoGP Team (Desmosedici GP15) 39m 29.122s
15. Tito Rabat ESP Estrella Galicia 0,0 Marc VDS (RC213V) 39m 29.469s
16. Pol Espargaro ESP Red Bull KTM Factory Racing (RC16) 39m 33.600s
17. Bradley Smith GBR Red Bull KTM Factory Racing (RC16) 39m 39.703s
18. Sam Lowes GBR Factory Aprilia Gresini (RS-GP)* 39m 47.130s

About vladimir

Check Also

MotoGp: Распоред на тркачкиот викенд на Силверстоун

Овој викенд на легендарната тркачка патека Силверстоун се вози 12 трка од MotoGP шампионатот, за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *