Home / Мотоциклизам / MotoGP: Зарко: „До срце болеше падот и губењето на водството…“

MotoGP: Зарко: „До срце болеше падот и губењето на водството…“

 

Јохан Зарко имаше прекрасен старт, старт кој може само да се сонува. После тоа следеа 7 круга водство на чело, но после 7-от круг на вториот свиок се случи катастрофа откако „го загуби“ предниот дел на својот моторцикл…

Откако се смирија страстите, оваа ситуација, поточно овој пад ќе му остане во сеќавање за цел живот на храбриот Јохан Зарко, кој призна дека почувствувал „мала болка во срцето“, после малата, но фатална грешка поради која загуби водство, а можеби и победа во Катар на неговата прва трка во најсилната класа. Уште откако стартуваше, Зарко беше доста брз. Тоа го направи меката компонента со која се искоцка и која можеби доведе до падот, после кој беше видно разочаран. Тоа е исто како да играте покер. Некогаш успева, но некогаш не. Во овој случај, Зарко потфрли и не успеа да има добри спомени од првата трка во премиерната класа.

„Стартувајќи од четвртата позиција, малку се мачевме на стартот. Условите на патеката беа чудни, но откако се подобрија, јас бев подготвен за трка. Се започна добро, но лошо се заврши. Штета. Возможно беше да се искачам на подиум, но можеби и на првата позиција. Но морам да ја научам оваа нова категорија. Има некои мали работи кои морам да ги контролирам повеќе. Тоа не го направив на првата трка, но за понатаму ќе морам. Добра стартна позиција за оваа трка беше доста добро за самодовербата. Можев да видам како возат другите возачи, како се контролираат и колку паметни потези прават. Среќен бев што можев да пројдам неколку возачи и тоа што дојдов на чело. Сепак чувството беше прекрасно. Не притискав премногу, но отидов прешироко. Тука се случи грешката поради која паднав. Бев брз, а возев мека компонента која не го издржа притисокот. Но добро. Немав што да загубам. Моментално учам и се надевам дека нема да правам вакви грешки во иднина. Мојот тренер беше позитивен бидејќи знае дека можам да се поправам и беше среќен дека го направив ова, чисто да видам каде е границата.“ – позитивен беше Зарко.

About vladimir

Check Also

MotoGp: Распоред на тркачкиот викенд на Силверстоун

Овој викенд на легендарната тркачка патека Силверстоун се вози 12 трка од MotoGP шампионатот, за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *