Home / Latest Articles / MotoGP: Зарко најбрз на последниот тренинг, Роси имаше пад!

MotoGP: Зарко најбрз на последниот тренинг, Роси имаше пад!

Возачот на Tech3 Yamaha, Жоан Зарко, беше најбрз на последниот тренинг пред квалификациите во Катар.

Сепак, овој тренинг нема големо значење бидејќи квалификациите ќе се возат под рефлектори и тогаш ќе има сосема поинакви услови на патеката. Поради тоа, времињата поставени на овој тренинг беа многу поспори од оние на вториот тренинг, кој што се возеше во ноќни услови.

На 2-та и 3-тата позиција се најдоа двајцата возачи на Pramac Ducati, Џек Милер и Данило Петручи. На 4-тата позиција заврши Марк Маркез од Repsol Honda, пред Андреа Ианоне од Suzuki, Дени Педроса од Honda и Андреа Довициозо од Ducati. Топ 10 беше заокружен со Хорхе Лоренцо, Валентино Роси и Кал Крачлоу.

Валентино Роси од Yamaha имаше многу тешка сесија. Тој имаше пад во свиокот број 5 по само 10 минути од почетокот на тренингот, од кој што се извлече без повреди. Во завршната фаза, Роси беше принуден да се врати во гаражата бидејќи еден дел од неговиот мотоцикл беше отпаднат и се влечеше по патеката.

Неговиот тимски колега, Маверик Винјалес, не успеа директно да се квалификува во вториот дел од квалификатиите, па затоа ќе мора да учествува и во првиот.

About vladimir

Check Also

TCR Europe Монца: Хомола и Аскона најбрзи на слободните тренинзи, ПСС Рејсинг високо позиционирани

28-те возачи кои настапија на слободните тренинзи денес на Монца, најавија доста интересен викенд. Во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *