Home / Latest Articles / MotoGP: Зарко на пол-позиција пред домашната публика на Ле Ман

MotoGP: Зарко на пол-позиција пред домашната публика на Ле Ман

Жоан Зарко успеа да го победи Марк Маркез во битката за пол-позицијата на легендарната француска патека Ле Ман.

Возачот на Tech3 Yamaha ја освои пол-позицијата за утрешната Гранд При трка на Ле Ман и стана првиот француски возач што го направил тоа по Кристијан Сарон во далечната 1988 година. Зарко успеа да се извлече од грешката во свиокот број 12 со сателитската Yamaha M1 и да комплетира БРЗ КРУГ со време од 1:31.185, што беше доволно за освојување на пол-позицијата.

Заедно со Зарко од првиот ред ќе стартуваат Марк Маркез од Repsol Honda и Данило Петручи од Pramac Ducati. И покрај тоа што сателитската Yamaha ја освои пол-позицијата, фабричките мотоцикли кои што се управувани од Маверик Винјалес и Валентино Роси ќе стартуваат од 8-тата и 9-тата позиција.

Најлошо помина возачот на LCR Honda, Кал Крачлоу, кој што по падот на последниот тренинг имаше уште еден во првиот дел од квалификациите, по што заврши во болница. Сеуште нема официјални информации за неговата состојба, но најверојатно не станува збор за сериозни повреди.

Од 4-тата позиција ќе стартува Андреа Ианоне од Suzuki, a од следните три позиции возачите на Ducati: Андреа Довициозо, Хорхе Лоренцо и Џек Милер. Топ 10 беше заокружен со Дени Педроса од Repsol Honda.

Резултати од квалификациите за Француското Гранд При:

About vladimir

Check Also

TCR Europe Монца: Хомола и Аскона најбрзи на слободните тренинзи, ПСС Рејсинг високо позиционирани

28-те возачи кои настапија на слободните тренинзи денес на Монца, најавија доста интересен викенд. Во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *