Home / Latest Articles / MotoGP: Зарко ја освои првата пол-позицијата со нов рекорд на Лосаил

MotoGP: Зарко ја освои првата пол-позицијата со нов рекорд на Лосаил

Возачот на сателитскиот тим на Yamaha, Жоан Зарко, ја освои пол-позицијата за првата Гранд При трка оваа сезона на патеката Лосаил во Катар.

Возачот на Tech3 Yamaha не само што ја освои пол-позицијата, туку и постави нов рекорд на патеката Лосаил. Зарко извози БРЗ КРУГ со време од 1:53.680, што беше за 0.247 секунди побрз од досегашниот рекорд на Лоренцо поставен во 2008-та.

И возачот на Repsol Honda и актуелен Мото ГП шампион, Марк Маркез, беше побрз од досегашниот рекорд на патеката, но заостана позади Зарко за 0.202. Од првиот ред заедно со Зарко и Маркез ќе стартува и возачот на Pramac Ducati, Данило Петручи. Тој беше за само 0.005 секунди поспор од Маркез.

На 4-тата позиција се најде возачот на LCR Honda, Кал Крачлоу, пред Андреа Довициозо од Ducati, Алекс Ринс од Suzuki и Дени Педроса од Repsol Honda. Топ 10 беше комплетиран со Валентино Роси, Хорхе Лоренцо и Џек Милер.

Стартот на утрешната трка е во 17 часот.

About vladimir

Check Also

WRC: Утре започнува Рели Хрватска

После одобрувањето за Хрватска рунда во Светскиот рели шампионат минатата година, WRC караванот се враќа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *