Home / Latest Articles / MotoGP: Изненадување на вториот ден од тестот во Катар

MotoGP: Изненадување на вториот ден од тестот во Катар

Андреа Ианоне со мотоциклот на Suzuki Ecstar беше најбрз на вториот ден од тестот на патеката Лосаил во Катар.

Денес беше претпоследниот ден од предсезонските тестирања во Мото ГП шампионатот и зеленото светло на патеката Лосаил беше запалено од 13 до 21 часот по локално време. Поради слабите врнежи од дожд, Хорхе Лоренцо од Ducati беше единствениот возач што постави време во првите два часа.

До последните 20 минути, Андреа Довициозо беше најбрзиот возач на патеката, но тогаш се појави најголемото изненадување. Андреа Ианоне од Suzuki Ecstar успеа да извози БРЗ КРУГ подобар за 0.041 секуди од оној на возачот на фабричкиот тим на Ducati.

На 3-тата позиција се најде актуелниот шампион и возач на Repsol Honda, Марк Маркез, пред Жоан Зарко од Monster Yamaha Tech3, Алекс Ринс од Suzuki Ecstar и Кал Крачлоу од LCR Honda. Топ 10 беше заокружен со Маверик Винјалес од Movistar Yamaha, Данило Петручи и Џек Милер од Pramac Ducati, и Дани Педроса од Repsol Honda.

Валентино Роси денешниот ден го заврши на 11-тата позиција со заостанување од 0.730 секунди позади Ианоне.

About vladimir

Check Also

TCR Europe Монца: Хомола и Аскона најбрзи на слободните тренинзи, ПСС Рејсинг високо позиционирани

28-те возачи кои настапија на слободните тренинзи денес на Монца, најавија доста интересен викенд. Во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *