Home / Latest Articles / MotoGP: И Suzuki го претстави својот адут за сезоната 2018

MotoGP: И Suzuki го претстави својот адут за сезоната 2018

Возачите на Suzuki Ecstar, Андреа Ианоне и Алекс Ринс, денес го претставија својот мотоцикл за престојната сезона во Мото ГП шампионатот.

Презентацијата на новиот Suzuki GSX-RR се случи на патеката Сепанг во Малезија, пред почетокот на првиот предсезонски тест. По тешката сезона 2017-та, од Suzuki се надеваат на подбри резултати во текот на 2018-тата. Оваа презентација ја водеше тимскиот шеф Давид Бривио:

“Оваа сезона ќе биде нашата 4-та по нашето враќање во премиерната класа и ќе дадеме се од себе за да се подобриме во однос на минатата сезона. Целиот тим работеше многу напорно во текот на зимата и се надевам дека најдовме добра основа за рестартирање.”

About vladimir

Check Also

TCR Europe Монца: Хомола и Аскона најбрзи на слободните тренинзи, ПСС Рејсинг високо позиционирани

28-те возачи кои настапија на слободните тренинзи денес на Монца, најавија доста интересен викенд. Во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *