Возачот на Pramac Ducati Хорхе Мартин дојде до првата пол позиција на стартот од оваа сезона под Катарските светла на патеката Лосаил.
Тој го победи Енеа Бастианини на Ducati од Gresini Racing за 0.147 секунди со најбрзо време од 1:53.011. Осум кратниот шампион Марк Маркез ќе стартува од третата позиција на првиот ред, додека на четвртата позиција Стартува Милер пред Алеш и Пол Еспергаро на петтата и шестата позиција.
Биндер, Мир, Бањаја и Ринс ќе ги пополнат топ 10те стартни места на самиот почеток од новата сезона. Стартот на трката е од 16:00 часот.

