Home / Latest Articles / MotoGP: Крачлоу најбрз на првиот ден од тестот во Тајланд

MotoGP: Крачлоу најбрз на првиот ден од тестот во Тајланд

Денес започна вториот предсезонски тест, што воедно беше првото искуство на возачите од Мото ГП шампионатот на патеката Бурирам во Тајланд.

Оваа сезона, патеката Бурирам за прв пат ќе биде дел од календарот на Мото ГП шампионатот. Тајландското Гранд При е закажано за во октомври, па затоа овој тест ќе им овозможи на тимовите да ги соберат потребните податоци и соодветно да се подготват.

Малезиeцот од Monster Yamaha Tech3 тимот, Хафиж Сиарин, беше првиот возач што излезе на патеката, но Кал Крачлоу од LCR Honda беше најбрзиот. Тој успеа да извози БРЗ КРУГ со време од 1:30.797, што за споредба е за повеќе од 2 секунди побрзо од најдоброто време во WorldSBK шампионатот (Светскиот Супербајк Шампионат).

На втората позиција се најде Алекс Ринс од Suzuki Ecstar, пред Марк Маркез од Repsol Honda, Андреа Довициозо од Ducati и Дани Педроса од Repsol Honda. На 6-тата позиција се најде Данило Петручи од Pramac Ducati, пред својот тимски колега Џек Милер и Валентино Роси од Movistar Yamaha. Топ 10 беше заокружен со Андреа Ианоне од Suzuki Ecstar и Хорхе Лоренцо од фабричкиот тим на Ducati.

“Honda завршиле одлична работа преку зимата, особено со агрегатот на нивниот мотоцикл. Минатата година ни недостасуваше моќ, но оваа ќе имаме се што ни е потребно. Многу сум задоволен од моторот, но мораме да продолжиме со напорната работа на останатите делови од мотоциклот.” – изјави Крачлоу.

About vladimir

Check Also

WRC: Утре започнува Рели Хрватска

После одобрувањето за Хрватска рунда во Светскиот рели шампионат минатата година, WRC караванот се враќа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *