Home / Latest Articles / MotoGP: Крачлоу победи, Маркез доби две казни во Аргентина

MotoGP: Крачлоу победи, Маркез доби две казни во Аргентина

Возачот на LCR Honda, Кал Крачлоу, успеа да стигне до победата на трката во Аргентина – една од најлудите трки во историјата на овој спорт.

Оваа победа на Крачлоу има посебно значење бидејќи беше 750-та победа на Honda во историјата на Мото ГП шампионатот. Возачот на LCR Honda учествуваше во голема битка за победата со уште тројца други возачи: Џек Милер, Жоан Зарко и Алекс Ринс.

Од друга страна, оваа трка беше една од најсрамните за актуелниот шампион Марк Маркез. Возачот на Repsol Honda доби една казна уште на почетокот на трката. Казната “минување низ боксот” ја доби бидејќи пред стартот му изгаси мотоциклот и се обиде да го запали со туркање. Откако поради оваа казна падна на 19-тата позиција, Маркез возеше многу агресивно и беше за околу 1.5 секунди по круг побрз од сите останати возачи. Но, на својот пат до 5-тата позиција, Маркез имаше инциденти со неколку возачи, кои што буквално ги истурка од патеката. Најсериозен беше оној со Валентино Роси, поради кој што возачот на Yamaha заврши во тревата покрај патеката. По завршувањето на трката, Маркез доби уште една казна од 30 секунди, по што падна на 18-тата позиција.

На 2-та позиција стигна Жоан Зарко од Tech3 Yamaha, а на 3-тата Алекс Ринс од Suzuki. И покрај стартот од пол-позицијата, Џек Милер до Pramac Ducati мораше да се задоволи со 4-тата позиција. Маверик Винјалес од фабричкиот тим на Yamaha стигна до 5-тата позиција, пред Андреа Довициозо од Ducati, Тито Рабат од Reale Avintia Racing и Андреа Ианоне од Suziki. Топ 10 беше заокружен со Хафиз Шијахрин од Tech3 Yamaha и Данило Петручи од Pramac Ducati.

About vladimir

Check Also

TCR Europe Монца: Хомола и Аскона најбрзи на слободните тренинзи, ПСС Рејсинг високо позиционирани

28-те возачи кои настапија на слободните тренинзи денес на Монца, најавија доста интересен викенд. Во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *